-->
-->
Тешко гостување за МЗТ Скопје во Цетиње
-->
Македонскиот вице-првак МЗТ Скопје Аеродром гостува во Цетиње, Црна Гора кај екипата на Ловќен во натпревар од 15.коло на регионалната АБА 2 лига.
Аеродромци , кои во минатото коло несреќно загубија на домашен терен од лидерот на табелата Приморска (77-78), сеуште се на второто место на табелата со 9 победи и 5 порази колку што има и трето пласираниот тим на Спарс од Сараево, додека денешниот противник Ловќен е на делба на четвртото место со една победа помалку.
Токму затоа тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов смета дека вечерашното гостување во Цетиње, ќе биде најтешкото досега.
„Свесни сме дека не очекува можеби најтешкото гостување до сега. За противник имаме екипа која игра одлична кошарка, со одлични бекови и високи играчи, кои можат да шутираат за три поени. Ова е натпревар во кој немаме избор, мора да влеземе максимално пожртвувано и борбено. Ги знаеме сите нивни предности и слабости, а сметам дека победникот ќе го реши подобрата одбрана“,изјави Кочов.
Дуелот меѓу Ловќен и МЗТ Скопје Аеродром започнува од 18 часот и е еден од четирите во АБА 2 лигата кои се играат денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
