Тешката животна приказна на султанката Хурем: Беше камшикувана јавно во Дубаи, а мажот кој и го направи тоа и се смееше во лице
Преубавата актерка немала многу лагоден живот, посебно оној љубовниот со кој и натаму Меријем Узерли се мачи.
Дамата која стана славна по улогата на султанката Хурем во серијата „Величествениот“ никако не може да ја пронајде својата сродна душа и тој проблем отворено го сподели со јавноста. Мислеше дека го најде вистинскиот кога ја започна врската со 17 години постариот бизнисмен Кан Атес.
Таа остана бремена, а тој ја тераше да абортира зошто тоа веќе му беше трето дете од неколкуте бракови. Си отиде од него и сепак ја роди ќерката Лара.
Потоа вплови во две врски. Едната беше официјализирана со веридба, но пукна, а следната траеше само два месеци.
Меријем и натаму има големи проблеми во љубовта, но нејзината најголема среќа токму е ќерката Лара. Животот на оваа 35-годишна актерка секако е многу чуден. Низ што се помина последните година дена предизвика да стане прилично психички лабилна.
На 19 години е камшикувана затоа што прошетала полугола низ Дубаи во кој таквиот чин е забранет.
-Мислев дека нема силно да ме удираат, ама беше ужасно. Не ми се веруваше што преживувам, а мажот кој ја извршуваше оваа налудничава казна ми се смееше во лице. Тоа ме доведе до лудило, раскажуваше своевремено Меријем, наведува Блиц.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри