Тешката судбина на пејачката- нејзините песни ги нарачуваме во кафаните, а таа плачела додека ги пеела
Веројатно многумина од вас ја знаат песната „На Велигден сум се родила“, но мал број од вас знаат кој ја пее песната.
Тоа е песна од Василија Радојчиќ, која живеела живот потполно поинаков од денешните пејачки.
Починала пред повеќе од 6 години, а нејзините песни живеат до ден денес.
„На Велигден сум се родила“, „Мито бекријо“, „Ајде Јано коло да играмо“, и многу други се само некои од песните кои Василија ги има отпеано.
За нејзиниот приватен живот малкумина се тие кои знаат, но таа многу брзо останала без својот сопруг.
-„Сопругот Милан ми почина пред 6 години, а ми се чини дека тоа беше вчера, уште тагувам по него. Ме повредија и колегите музичари, естрадна пензија не добив иако неколку пати поднесов барање за тоа. Иако важам за пејачка која има снимено најмногу песни и фонотеци на Радио Белград, сепак не добив пензија.“- зборува Василија и се присетува кога за првпат ја сретнала љубовта на нејзиниот живот, тапанарот Милан Ѓурѓевиќ.
-„Се сеќавам дека Милан првпат го видов како излегува од кафаната „Морнар“ во центарот на Белград. Бев на другата страна од улицата, а очите буквално ми се залепија за него, а не знаев ниту кој е, ниту што работи. За малку ќе се онесвестев кога започна турнејата со оркестарот на Душан Радетиќ во Бугарија и дознав дека Милан е челн од бендот. Уште на турнејата се засакавме и никогаш не се одвојувавме. Тој подоцна стана музички уредник во продукција за грамафонски плочи во Радио Белград, а јас пејачка. Ја родев ќерката Мирјана, која денес порасна во прекрасна девојка.“- низ солзи зборуваше пејачката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците