Македонија
10. July 2015 - 9:18

Тешка сообраќајна несреќа - Загина жена на патот Штип-Велес

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на магистралниот пат Штип-Велес, во која една жена го загуби животот.

Според првичните информации од полицијата несреќата се случила кај селото Сарамзалино, кога автомобилот во која се превезувала жртвата се превртел.

Секторот за внатрешни работи Штип повеќе детали за несреќата најави во текот на денот.