Тешка сообраќајна несреќа во тетовско, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во село Орашје, тетовско. Според информациите на МВР, вчера околу 12,40 часот било пријавено дека пред влезот во село Орашје - тетовско, дошло до судар помеѓу патничко возило „Форд транзит“ со тетовски регистарски таблици, управувано од З.М. (59) од Старо Село-тетовско и патничко возило „Нисан“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Х. (55) од с.Орашје- тетовско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Нисан“, кој бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил и возачот на возилото „Форд“, кој бил задржан за лекување во болницата, додека двајцата сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра