-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-->

61-годишна жена е тешко повредена во сообраќајка меѓу возило и трактор во пробиштипско.
- На 10.11.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, кај Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Кратово и трактор „махиндра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(52).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „матиз“ М.Т.(61) од Кратово, а со телесни повреди возачот Г.Т., констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
