Тешка сообраќајна несреќа во БиХ - Четири лица загинаа откако автомобил излета во река
Синоќа околу 01:00 часот во полиција било пријавено дека во Бужиќ Махала има маж со видливи повреди и отежнато комуницирање.
Станува збор за млад човек роден 2002 година кој со часови талкал во полусвесна состојба во потрага по помош.
По доаѓањето на местото на настанот, младиот човек им рекол дека само се сеќава дека бил во автомобил со уште неколку лица и дека возилото слетало во реката Босна.
Потрагата по возилото завршила утрово околу 4 часот кога било забележано во реката Босна, по што била започната операција за извлекување на возилото од реката.
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ за Кликс изјавила дека во возилото се пронајдени четири тела.
Според неофицијални информации четири лица загинале, двајца мажи и две девојки, додека едно младо момче кое пријавило се во полиција синоќа успеало да се спаси.
На местото на инцидентот во тек е истрага, предводена од дежурниот кантонален обвинител.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Навреме реализиран проектот бесплатни учебници
-
Лицата со попреченост излегуваат на протест во вторник
-
Десетици ракети лансирани од Либан кон северен Израел
-
Приведен дилер за издржување затворска казна од 18 месеци
-
Приведен криминалец осуден на три години и шест месеци казна затвор
-
Османи: Како што Србија изгуби во Косово, Русија ќе изгубат и во Украина
-
МЕ: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори
-
НБ: Усвоен кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор