Македонија
18. October 2017 - 19:42

Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар, едно лице го загуби животот

Денеска, нешто по 12 часот и 30 минути, во близна на Ресторанот “Че” на Плетвар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која, на лице место, животот го загубило едно лице.

Според првичните информации, станува збор за млад прилепчанец, на возраст под 30 години.

Сега починатиот, во моментот на несреќата  превезувал дрва со патничко возило пришто, од засега се уште неутврдени прични, изгубил контрола над возилото и директно се судрил со друго возило кое му доало од спротивната насока.

Здобиените повреди при сударот, за жал, биле фатални по живот на прилепчанецот, така што и покрај брзата интервенција на екипите од Итната помош, веќе било предоцна било што да се стори.

На местото на несреќата извршен е увид со цел утврдување на причините кои довеле до оваа трагедија, а телото на починатиот, по налог на истражен судија, предадено е на обдукција.

Заради сообраќајката, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско беше во прекин.