Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско Прилеп - има повредени
На автопатот Неготино - Велес на околу 500 метри пред наплатна станица „Градско“ вчера околу 15 часот патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г. (74) изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, информираат од СВР Велес.
Портпаролот Верољуб Додевски соопшти дека при тоа со повреди се здобиле возачот и сопатничката кои со возило на Брза помош биле пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, биле пуштени дома.
СВР Велес информира и дека синоќа во 20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ со струшка регистрација управуван од Д.Д. (61) од Струга и трактор марка „ИМТ“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Р.Р.(36) од Росоман.
- При несреќата со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатници од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци, информира Додевски
Ново на Сител
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани