Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани, едно лице загина

Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18:15 часот во близина на Кочани најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени.
Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата околу Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се превретела во нива покрај патот. Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.
Поради несреќата обиколниот пат околу Кочани е затворен за сообраќај од клучката кон село Грдовци до влезот кон Оризари, а возилата се пренасочуваат низ градот.
Увид на местото на сообраќајката прават јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
