Македонија
13. September 2019 - 11:38

Тешка сообраќајка во Скопје, повреден мотоциклист

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18.50 часот на ул.„Московска“ во Скопје.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.