Тешка сообраќајка во Македонија - мотор се заби во автобус
Страшна сообраќајка се случила вчера околу 14.40 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кога дошло до судир помеѓу автобус непозната марка, патичко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ч. мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од 36-годишниот В.Р. од Република Словенија и мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од 37-годишниот С.Ш. од Република Словенија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Ново на Сител
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
