-->
-->
Тешка сообраќајка во Кисела Вода, повредени две лица
-->
Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 22 часот во скопската населба Кисела Вода.Од МВР информираат дека несреќата се случила на крстосницата од улицата “Народни херои“ и улицата “Вера Јоциќ“.
-Во сообраќајна незгода учествувале “Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(37) од скопско Чифлик и мотоцикл “Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(22) од Скопје, велат од полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Ѓ.М.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил моторциклистот и биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
