Македонија
18. July 2015 - 20:29

Тешка сообраќајка на Плетвар, повредените во критична состојба

Рано утрината околу 4 часот по полноќ на излезот од Прилеп, на превојот Плетвар се случил верижен судир, во кој настрадале неколку лица, јави 10 без 10.

Три возила се судриле на превојот Плетвар, на местото каде трите коловозни ленти се спојуваат во две, при што повредени се повеќе лица, а едно е во критична состојба.

Повеќе возила на итната медицинска помош интервенирале да ги извлечат повредените од возилата, и ги пренеле во Градската болница во Прилеп, а лицето кое е тешко повредено и е во критична состојба, итно е пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.