Тешка сообраќајка на патот Штип-Шашаварлија
Вчера околу 15 и 30 часот на локалниот пат Штип-Шашаварлија, се случила сообраќајна незгода во која Т.Д.(36) од Штип, управувајќи моторно возило „Лада Караван“, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната страна на коловозот и удрил во брег со камења надвор од коловозот.
Во незгодата сопатниците С.С.(28) од Штип и Н.З.(20) од Штип се пренесени во клиничкиот центар Штип, каде кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди и извршена му е хируршка интервенција и е во животна опасност, додека З.Н. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Моторното возило „Лада Караван“ било помесетно од лице место и истото е пронајдено на ул.„Косовска“бб, од каде е пренесено во полициската станица во Штип.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Штип во присуство на Јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Јавна седница на Апелација - Васев бара укинување на куќниот притвор
-
Акиов по вчерашниот инцидент: Не сум гомнар туку борец за правда, се извинувам на правничката за повредата
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина