-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Кичево - Македонски Брод, повредено едно лице
-->
Вчера во 18.25 часот на магистрален пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за с.Србјани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(51) од с.Јосифово,валандовско, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.П.(37) од с.Србјани, кичевско, информираат од МВР.
По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот,а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%