Македонија
28. January 2018 - 10:57

Тешка сообраќајка на „Партизанска“, еден повреден во директен судир на две возила

Вчера во 19,50 часот во Битола, на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Мазда 626“ управувано од Н.И.(32) од Битола и возило „Алфа Ромео 156“ управувано од П.М.(39) од Битола.

Во незгодата П.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.