Македонија
21. May 2016 - 13:46

Тешка сообраќајка кај Катланово: „Голф“ удрил во полицаец и во две возила, повредени три лица

Нова сообраќајна несреќа се случи утрово кај Катланово. Како што информираат од СВР, три лица се повредени утрово на автопатот Велес-Скопје, во близина на тунелот кај Катланово. 

Во несреќата возач на „голф“ удрил во џип кој неколку моменти пред тоа се превртел на автопатот и во полицаец кој го обезбедувал местото.

На местото на несреќата веднаш излегла полициска екипа за да изврши увид на местото.