Македонија
8. August 2018 - 14:02

Тешка несреќа во Тетово - шест лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила во село Сиричино, тетовско. Според информацијата на МВР, вчера во 17.15 часот на регионалниот пат Тетово-село Сиричино, кај воениот склад „Еребино“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски таблици, управувано од А.Н. (35) од с.Калник и патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (24) од с.Шемшово. Притоа, на повреди се пожалиле возачот на возилото „Голф“ А.Ш. и неговите сопатници А.А. (27) од с.Шемшово, А.Љ. (22) од с.Шемшово и А.Н. (35) од с.Г.Палчиште. Со друго возило тие биле пренесени во клиничка болница Тетово каде им била укажана лекарска помош. Поради карактерот на повредите возачот бил задржан на лекување, додека сопатниците, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.