Македонија
22. јуни 2016 - 16:34

Тешка кражба во стан - Тетовчанец ,,олеснет‘‘ за 70.000 евра

Крадци го искористиле еднодневното отсуство од дома на  тетовско семејство, па провалиле во станот и според пријавата на сопственикот украле дури 40 илјади евра, десетина скапи часовници и златен накит. Непознатите сторители ја обиле металната блиндирана врата и по пребарување пленот го нашле во гардеробер во спалната соба

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни ако заминуваат на подолг период пред се за време на летните одмори.

Во рамки на можносите се советува и поставување алармни уреди.