Македонија
8. September 2015 - 14:20

Тешка кражба во пошта во струмичко Босилово

Во период од 05 до 07.09.2015 година, во струмичкото село Босилово непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат насилно ја отворил влезната врата од поштата и извршил тешка кражба при што одзел метална каса во која имало 250.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.