Македонија
22. August 2015 - 11:38

Тешка кражба во битолско - Крадецот влегол преку таван

Крадец извршил тешка кражба во куќа во с.Средно Егри – Битола.

Вчера  во куќата на Ј.Ј.(1936), непознат сторител извршил тешка кражба на начин што преку таванот од куќата, влегол внатре и од  спалната соба одзел: 2000 евра, 2000 австралиски долари, 5000 американски долари, ловечка пушка марка ТОЗ-63, калибар 16мм со фабрички број 22593, која ја поседувал Јован со дозвола и златен накит.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 500.000 денари. Увид е извршен од страна на ОКТУПА  при СВР-Битола.

СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.