Македонија
7. August 2016 - 14:58

Тешка кражба во Битола

Вчера околу 14 часот во СВР Битола пријавила тешка кражба во куќата во село Вашарејца, сопственост на нејзиниот татко, извршена од страна на непознат сторител.

Пред околу два месеца сторителот на непознат начин влегол во летната кујна и од витрината одзел женска чанта во која имало неколку платнени женски несесери во кои имало околу 1.300.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.