-->
-->
Тешка група за македонските надежи на ЕП за ракометари до 20 г.
-->

Машката јуниорска репрезентација на Македонија ќе има тешки противници во првата рунда од Европското првенство за ракометари до 20 години кое претстојново лето ќе се одржи во данска.
Македонските ракометни надежи кои минатиот викенд се изборија за настап на континенталниот шампионат, на ЕП ќе играа во Ц групата во која за противници ќе ја имаат домашната селекција на Данска, како и силната скандинавска репрезентација на Норвешка односно репрезентацијата на Холандија.
Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во Дубровник, каде в петок ќе бидат одредени и групите во квалификациите за сениорското ЕП кое во 2018 година ќе се одржи во Хрватска.
Јуниорскиот шампионат во Данска за ракометари до 20 години ќе се одржи од 28 јули до 7 август 2016, а изгледот на комплетните групи е:
А група: Франција, Швајцарија, Србија и Полска
Б група: Шпанија, Исланд, Словенија и Русија
Ц група: МАКЕДОНИЈА, Данска, Норвешка и Холандија
Д група: Унгарија, Германија, Хрватска и Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
