-->
-->
Тероризмот ги шокира манчестерските клубови
-->
удбалски клубови од Манчестер, Јунајтед и Сити, изразија сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад по концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
Британската полиција објави дека при терористичкиот напад на бомбашот самоубиец загинаа 22 лица, а повредени се 59 во преполната арена.
- Ние сме шокирани од ужасните случувања изминатата ноќ во „Манчестер Арена“. Нашите мисли и молитви се со оние кои беа погодени од несреќа, се наведува на официјалниот Твитер профил на Манчестер Јунајтед.
На социјалните мрежи играчите на двата тима, Винсент Компани и Џеси Лингард, како и УЕФА и Фудбалската асоцијација на Англија изразија жалење поради терористичкиот акт.
- Со големо жалење слушнавме за ужасот во Арена. Нашите срца се со сите засегнати од нападот, порачуваат од Манчестер Сити.
Нападот во Манчестер се случува во пресрет на утрешното финале во Лига Европа помеѓу Јунајтед и Ајакс во Стокхолм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел