Терористот од Виена минатата пролет обезбедувал болница
Исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември уби четири и повреди повеќе од 20 лица во центарот на Виена, минатата пролет работел во компанија за обезбедување на болници.
Неговиот долгогодишен пријател, кој е во истражен затвор бидејќи е осомничен за соучесништво, рекол дека Фејзулај, за време на првиот карантин во Австрија по почетокот на пандемијата на коронавирусот, бил вработен на минималец, како обезбедување во болница. Тој немал работен однос со болницата, туку со компанијата што ја презела работата за обезбедување на здравствената установа.
Според протоколот на сослушувањето, компанијата што му ја дала работата, преку групата „Ватсап“, на дневна основа организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите. Осомничениот исто така рекол дека Фејзулај му понудил да заработи пари со обезбедување на објекти, но тој го одбил.
Локалните медиуми јавија и дека најверојатно е решена мистеријата за тоа како тој стигнал до центарот на Виена – наводно користел „Убер“ за да дојде до местото на злосторството со целото оружје
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
