Терористите направиле масакр во хотел - „Ова е за Франција“
Дваесет лица се убиени, а повеќе од десет се ранети во вооружената престрелка која се случила во петокот вечерта, кога терористи го нападнале хотелот Сплендид во главниот град Оуагадоугоу во афричката држава Буркина Фасо.
Исто така нападнати се и неколку ресторани кои се наоѓале во близина на хотелот, а во центарот на градот биле запалени и неколку автомобили.
Во акцијата за спасување евакуирани се 126 луѓе, меѓу кои и еден министер од владата.
Одговорноста за нападот ја презема терористичката организација Ал- Каеда, која потврди дека станува збор за „одмазда“ на Франција и Западот.
Идентитетот и државјанството на жртвите не се познати, но според светските медиуми главно станува збор за странски државјани.
Ова е прв напад на терористите во оваа држава, откако во 2014 година исламисти го убиле председателот Блаис Компар.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени