Терористички напад на берзата во Пакистан, најмалку 10 загинати

Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои и четворица терористи, во напад на берзата во Пакистан во пристанишниот град Карачи, изјавија официјални претставници.
Во терористичкиот напад се повредени седум лица, меѓу кои и тројца полицајци, објави ДПА.
Четворица припадници на обезбедувањето, еден полицаец и еден цивил се меѓу загинатите, изјави за медиумите шефот на регионалната полиција Шариел Харал.
Тој истакна дека „сите четворица терористи се убиени од безбедносните сили“.
Вооружените напаѓачи носеле огромно количество оружје и муниција и се обиделе
да влезат во трговската сала, но биле спречени поради брзата реакција на безбедносните сили, објасни Харал.
Четворица вооружени мажи со автоматски пушки ја нападнале зградата околу 10 часот по локално време. Тие истрелале граната на влезот од берзата кога им се приближиле припадниците на обезбедувањето.
– Тоа беше сериозен напад, но за среќа терористите не успеаја да влезат во главната сала, изјави управниот директор на Пакистанската берза, Фарук Кан.
Тој нагласи дека тргувањето започнало кога напаѓачите упаднале во зградата, но моментно ситуацијата е под контрола.
Според извештаите, повеќе од 1.000 трговци и персонал биле присутни во зградата во моментот на нападот. Бројот на луѓе во зградата бил помал од вообичаено поради пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
