Термин за ехо на дојка во следните денови има само во Македонски Брод
Ако живеете во Скопје и имате потреба од Ехо на дојка во државна болница првиот слободен термин е наредната недела, но мора да одите во Македонски Брод.
Во иста ситуација се и пациентките од останатите градови. За вакво снимање на Радиологија на Клинички болни од рак мора да чекаат повеќе од еден месец или да си платат во приватна установа, но не секој може да си го дозволи тоа.
-Оперирана сум од рак, но имам болка под градата и на ехо не можат да ми најдат термин, треба да се чека 1 месец, вели пациента со карцином.
-Најмалку месец дена се чека, но оваа болест не чека, вели друга пациентка.
Од Радиологија пак тврдат дека тешко болните пациенти имаат приоритет за потребните снимања.
-Приоритетните упати кои се користат за дијагностика на малигните заболувања се реализираат во дозволениот рок од 7 дена, велат од Институтот.
Иако проблемот со термини за снимање се провлекува уште од пред “Короната”, неодамна министерот за здравство излезе со оптимистичка изјава дека оваа слика во здравството ќе се промени после Нова Година за кога најави нова апаратура во 12 клиники и болници.
Во меѓувреме болните од рак освен со термини за снимање се соочуваа и со недостиг на терапија, но од Клиниката за Онкологија уверуваат дека неделава се стигнати дел од лековите и во најскоро време сите пациенти ќе бидат обезбедени со потребните цитостатоци.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар