Тереза Меј се сретна со Ердоган
Британскиот премиер Тереза Меј се сретна денеска во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Меј пристигна денеска во посета на Анкара, а главна тема на средбите е трговијата. Освен можноста за зајакнување на трговските врски, откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. Меј со турските лидери ќе разговара и за Сирија, Ирак, тероризмот и напорите за обединување на Кипар.
По средбата со Ердоган таа разговараше и со турскиот колега Бинали Јилдирим.
Во Анкара Меј положи венец на мавзолејот на основачот на републиката Мустафа Кемал Ататурк и изјави дека Велика Британија и Турција треба да ги обноват напорите за реализирање на визијата на Ататурк за мир во земјата и во светот.
Во Турција Меј пристигна директно од САД, каде се сретна со новиот американски претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка