Тереза Меј оптимистична по постигнувањето компромис со ЕУ за Брегзит
Постигнувањето компромис за Брегзит разбуди ново чувство на оптимизам за продолжување на преговорите за трговски договори меѓу Лондон и Брисел, вели британската премиерка Тереза Меј во говорот, кој денеска ќе го одржи во Долниот дом на парламентот, а кој го објави нејзиниот кабинет..
- Се разбира, ништо не е договорено додека не се договори се. Според мене, сепак постои нов оптимизам во преговорите и силно се надевам и очекувам да ги потврдиме преземените обврски на Европскиот совет оваа недела, истакнува Меј.
Таа ќе учествува на самитот во Брисел планиран за четврток, на кој се очекува лидерите на останатите 27 земји од ЕУ да го одобрат заклучокот на преговарачите дека земјите постигнале доволен напредок за да преминат на втората фаза во преговорите.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија