Теренската вакцинација продолжува утре во над 70 населени места

Теренската вакцинација продолжува и утре во над 70 населени места, соопшти Министерството за здравство.
Министерството попладнево информира дека вакцинацијата ќе се одвива во следниве населени места:
Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово;
Кратово – Туралево, Шлегово;
Виница – Пеклани, Трсино, Трстија;
Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол;
Струга – Мислодежда, Богојци, Поум;
Крушево – Бучин;
Ростуше – Маврови Анови;
Струмица – Раборци, Попчево;
Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници;
Пробиштип – Ратавица;
Валандово – Дедели и Собри;
Берово – Двориште;
Кочани – Спанчево;
Кичево – Црвивци, Мамудовци;
Кавадарци – Сопот, Марена;
Битола – Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино;
Охрид – Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани;
Македонски Брод – Брест;
Велес – Мелница, Лисиче, Г. Врановци;
Крива Паланка – Жидилово, Узем;
Кумановски и Липковски регион – Младо Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац;
Штип – Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци;
Од Министерството посочуваат дека процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, додавајќи дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.
Ново на Сител
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
