Теренска вежба на НАТО за управување со вонредни ситуации во Подгорица
Помошникот заменик генерален секретар на НАТО, Џон Манце денеска во Подгорица ја отвори меѓународната теренска вежба за справување со последици од вонредни ситуации, на кои учествуваат 32 држави на Алијансата и партнерски земји.
- Успехот на НАТО и неговите партнери се заснова врз нешто многу посилно од дијалог меѓу нашите лидери. Се заснова на пријателство меѓу голем број мажи и жени кои се повикани заедно да работат во тешки времиња, истакна Манце.
Тој нагласи дека вежбите, како оваа во Подгорица, се одлика на евроатланската врска која постои меѓу сојузниците и партнерите, како и солидарност и взаемна обврска која ја претставува таа поврзаност.
Во вежбата, која ќе трае до 4 ноември, учествуваат 680 луѓе, а организирана е од Евроатланскиот центар за координација на одговорите при катастрофи и Директоратот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти
-
Врсничкото насилство е најчесто меѓу основците, оваа година стигнале 30 претставки до омбудсманот
-
Хаос во јавните претпријатија во Скопје
-
Тутунарите бараат просечна цена од 420 ден. за кг., денеска од 305 ваги работат само 19, тутун не се предава
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија