Македонија
26. January 2024 - 16:18

Тепал малолетник, кривична за 22-годишно момче од Митрашинци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(22) од село Митрашинци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, соопштија денеска од МВР.

Како што посочуваат од МВР, пријавениот физички нападнал малолетник на 16.01.2024 во село Митрашинци.