Тепачка за трактор полн со дрва во радовишко, еве кој го извлече подебелиот крај

Вчера во 16,50 часот било пријавено дека во с.Тополница–Радовиш кај прочистителната станица на браната на рудникот Бучим, полициски службеници од шумската полиција во Радовиш пронашле трактор со приколка на која имало натоварено 2м/3 дабови дрва, поради што од полициски службеници од ПС-Радовиш побарале да излезат на местото на настанот, со цел безбедно да го пренесат тракторот со дрва до Јавното претпријатие“- Македонски шуми“-Радовиш.
Околу 18,00 часот на наведеното место се собрале околу 40 жители од селото кои не дозволувале да се одземе тракторот, при што истите станале агресивни и во еден момент едно од лицата замавнало со тврд предмет кон полициските службеници, удирајќи го едниот од нив во пределот на главата.
Со службено возило полицискиот службеник бил пренесен во Здравствен дом во Радовиш каде му била укажана лекарска помош.
По целосното расчистување на случајот, од страна на ПС-Радовиш ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
