Балкан
13. July 2023 - 12:33

Тепачка во косовскиот Парламент, Курти полеан со вода | ВИДЕО

На денешната седница во Косовскиот парламент дошло до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии.

Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти.

Не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка, пишува Коха. Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побарал интервенција од полицијата.