-->
-->
Тепачка пред семафор кај Ново село
-->

Додека чекал на црвено светло на патот кај Ново село, тетовец, насилнички нападнал човек од Гостивар кој бил во друго возило во колоната кај семафорот.
Тој му задал повеќе удари со тупаници и си заминал како ништо да не се случило. Полицијата го пронашла насилникот и му поднеска кривична пријава. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во охридската полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднела кривична пријава против Ќ.Р.(38) од Тетово.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец во 19 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на бензиска пумпа Окта кај Ново Село-општина Дебарца.
-Тука, на делот од патот каде поради изведување градежни работи има поставен семафор, пријавениот додека чекал во колона на црвено светло, во еден момент излегол од своето патничко моторно возило и се упатил кон возилото во кое го забележал А.А. од Гостивар. Веднаш започнал вербална расправија со него а потоа и со ноsе удирал по неговото возило. Во еден момент, сега пријавениот со тупаници го нападнал Ј.Ј. кој бил сопатник во истото возило и веднаш си заминал, соопшти портпаролот Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
