-->
-->
Тепачка помеѓу дедо и жена - Во полиција пријавен случајот од двајцата
-->
Вистинска драма се случила во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје. Имено, согласно информациите од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, се испотепале 81-годишен дедо и жена на 45 година. Но, чудна е информацијата бидејќи двајцата го пријавиле случајот во полиција и меѓусебно се пријавиле дека биле нападнати.
„На 25.04.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Р.Р.(81) од с.Кондово, општина Сарај, пријавил дека околу 10.00 часот во с.Кондово бил физички нападнат со тврд предмет од З.Р.(45). Во врска со настанот, во 23.40 часот З.Р. пријавила дека околу 06.30 часот била физички нападната со тврд предмет од Р.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот