Теохаропулос: Во регионот „буре барут во Европа” потребни се политики далеку од национализмот
Претседателот на грчката партија Демократска левица во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека за да има мир, просперитет и развој во регионот потребни се политики далеку од национализмот и изолацијата. Танасис Теохаропулос, кој минатата седмица во Скопје се сретна со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев коментира дека средбата била особено конструктивна, јави дописничката на МИА од Атина.
-Господинот Заев е прогресивен социјалдемократски политичар, јасно решен радикално да ги промени работите во неговата земја, далеку од национализми и изолации и овие политики ни се потребни овде во „буре барутот во Европа” за да имаме иднина на мир, просперитет и развој. Затоа, по средбата, јасно сум голем оптимист, вели Теохаропулос.
Лидерот на Демократска левица вели дека на средбата со Заев разговарале за низа теми и бил известен за имплементацијата на ерга омнес во нашата земја и за промената на имињата на институциите, но и за работата на комисиите за ревизија на учебниците и онаа што ќе се формира за трговските ознаки.
-Со господинот Заев разговаравме, не само за прашањата што се поврзани со спроведувањето на Договорот од Преспа, но дополнително доставивме и конкретни предлози за развој на економската соработка и зајакнување на бизнис активностите меѓу нашите земји. Истакнавме дека од сега па натаму клучно е да има верно и успешна имплементација на договорот, на сите нивоа, без враќања назад, вели Теохаропулос за АНА-МПА.
Во однос на шпекулациите што се појавија во Грција за размена на споменици меѓу двете земји, Теохаропулос коментира дека постоеше демант како од министерката за култура на Грција, така и од Владата на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ