Теодорикакос: Уапсено едно лице за подметнување пожар на Пелопонез

Во изминатите 20 дена во регионот Илиа избувнаа 15 пожари и никој не верува дека ова се случува случајно, рече министерот за цивилна заштита на Грција надлежен за полицијата Такис Теодорикакос за време на посетата на конкретниот регион на Пелопонез и откри дека уапсено е едно лице за подметнување пожар, јави дописничката на МИА од Атина.
Теодорикакос истакна дека „очигледно е дека има подметнати пожари, дека постојат планови“, но додаде дека тие мора да сторат сè за пронаоѓање на виновниците.
- Веќе е уапсен еден граѓанин, кој е обвинет за подметнување пожар и кој ќе одговара на суд. Предизвик за локалната заедница, за општината, за регионот, а особено за полициските и противпожарните власти е да ги пронајдат виновниците за овие подметнати пожари и да ги достават до правдата, рече министерот.
Министерот е во регионот Илиа на Пелопонез, каде што од вчера е активен голем пожар во кој, меѓу другото, интервенираат 180 пожарникари, меѓу кои и германски пожарникари, а помагаат и 120 полицајци.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
