Тензии во и надвор од албанскиот парламент и протест на опозицијата

Продолжуваат тензиите во албанскиот законодавен дом. И денешната пленарна седница, се претвори во хаос, откако демократските пратеници поддржувачи на Бериша и групата на Барди насилно влегоа во Собранието, меѓу нив и 19. пратеници кои се суспендирани поради предизвикување неред во парламентот.
Газмент Барди, Аслан Доѓани и Фламур Нока го пробија кордонот на Националната гарда на влезот од собраниската зграда и успеаја да се доближат до говорницата каде за збор се подготвуваа пратениците од владејачкото мнозинство.
По влегувањето во салата, Барди се обрати од говорницата кон седиштата каде се претставниците на владата, викајќи му „кој си ти“ на премиерот Еди Рама, фрлајќи ја јакната кон него. Веднаш интервенираше обезбедувањето заобиколувајќи ја говорницата за да ги спречат да поминат.
Пратениците од мнозинството се обидоа седницата да продолжи нормално, но пратениците од опозицијата ова го оценија како провокација.
-Срам да ви е што ги попречувате колегите. Вие кои сте исклучени и не дозволувате колегите да ја продолжат седницата нормално. Срам да ви е, срам. Ве молам, на седница сме, да разговараме за проблемите на гласачите, рече претседателката на парламентот Линдита Никола, на што опозициските пратеници и возвратиле со навредливи зборови.
Тензиите во Собранието и вревата на пратениците од опозицијата не дозволија нормално продолжување на седницата, принудувајќи ја Никола да ја прекине седницата само по десеттина минути од почетокот.
По седницата координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Бленди Чучи, изјави дека сите пратеници кои нема да го почитуваат деловникот за работа и создаваат неред во парламентот ќе бидат санкционирани
Пред парламентот опозицијата, вклучувајќи ја и Партијата на слободата на Илир Мета, одржа протест, на кој беа фрлани и димни бомби.
Пред учесниците на протестот, покрај другите се обрати пратеникот Ервин Салиањи кој рече дека поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај, кој е обинет за корупција и е во бегство во Англија, ја кажал вистината.
-Арбен Ахметај откри дека премиерот Еди Рама е шеф на мафијашката банда која денес ја води земјата и е одговорна за инценаторите, фабрики за горење отпад. Откако Ахметај изјави дека шеф на мафијашката банда во земјата е Еди Рама, тој до сега ништо не кажа, што потврдува дека е вистина, рече Салиањи.
Пратеникот и потпретседател на Партијата на слободата, Петрит Васили, им порача на поддржувачите на опозицијата дека премиерот Еди Рама е кукавица и дека „се крие зад министерските наметки и гардиските чизми“ и порача дека „срам е доколку не го урнеме тоа ѓубре“.
Генералниот секретар на крлото на ДП на Сали Бериша, Фламур Нока на протестот изјави дека денеска „криминалната организација ја добила најсилната порака од граѓаните“.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
