Loading Video...
Балкан
29. May 2023 - 16:31

Тензично на северот од Косово

Тензична е ситуацијата во општините со мнозинство српско население на северот на Косово, во кои на неодамнешните локални избори, кои Србите ги бојкотираа, победија кандидати на партиите на етничките Албанци. 

Специјални единици на косовската полиција се распоредени  пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, додека локалните Срби протестираат поради новите градоначалници и специјалците на северот. 

Единици на КФОР се поставени меѓу полицијата и демонстрантите. Инцидент се случи утрово во Звечан, кога полицијата употреби солзавец против вработени во локалната самоуправа кои сакале да влезат во зградата на општината. 
Според косовскиот премиер Курти, задачата на полицијата е да им помогне на градоначалниците да го остварат правото на работа во општинските згради. 

За да се повлечат од протестите, косовските Срби упатија листа со барања до властите во Приштина.

„Косовските власти насилно да не влегуваат во општините на северот“, порача Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Приштина, Џефри Ховениер, додека КФОР ги повика сите страни да се воздржат од потези кои би можеле да доведат до зголемување на тензиите и до нова ескалација. 

Српската армија останува на највисоко ниво на борбена готовност, а во текот на денот како што најави српскиот министер за одбрана армиските формации целосно ќе бидат распоредени долж границата со Косово.