Тенис
21. March 2020 - 17:52

Тенисерките ќе продолжат да бидат тестирани за допинг и покрај тоа што сите турнири се откажани до јуни

Тенисерките ќе продолжат да бидат тестирани за допинг, и покрај суспендирањето на сите турнири до 7 јуни, објавено е на официјалната веб-страница на Светската тениска асоцијација (ВТА).

Здружението гарантира дека инспекторите ќе носат маски и ракавици, ќе ги дезинфицираат сите површини, ќе избегнуваат телесен контакт и ќе бидат на безбедно растојание.

Се очекува истото ова да важи и за тенисерите, бидејќи ИТФ (Светска тениска федерација) бара контрола на допинг. Покрај тоа, тенисерите ќе бидат тестирани од национални организации за борба против допинг и ВАДА (Светска антидопинг агенција).