Температурите во последните 12 месеци се повисоки од изминатите 125.000 години, покажа истражување
Температурите во последните 12 месеци беа најтопли во изминатите 125. 000 години, според истражувањето објавено денеска од непрофитната новинска организација „Climate Central“ во Принстон, Њу Џерси.
Просечната глобална температура била околу 1,32 степени Целзиусови повисока отколку пред Индустриската револуција, соопшти организацијата.
„Топлината подеднакво ги погоди и богатите и посиромашните држави.
Додека климатските влијанија беа најсилни во земјите во развој во близина на екваторот, периодите на екстремни горештини поврзани со климата во САД, Индија, Јапонија и Европа укажуваат дека никој не е безбеден од климатските промени“, рече водечкиот истражувач Ендрју Першинг.
Неговиот тим ги прегледа температурните записи од 175 земји, 154 држави или провинции и 920 големи градови од ноември 2022 до октомври 2023 година. Анализата е објавена на нивната веб-страница.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец