Свет
20. January 2021 - 9:46

Темелно чистење на Белата куќа пред доаѓањето на новите станари

За само пет часа, цела армија помошен персонал ќе треба да ја подготват Белата куќа за новите станари, двојката Џо и Џил Бајден. Претседателот во заминување Доналд Трамп се очекува да се исели околу 8 часот наутро, по локално време, а потоа ќе почне комплицирана операција за чистење и подготвување на бројни простории во Белата куќа за новиот претседател и неговата сопруга.

Додека тоа се прави, Трамп ќе отпатува во новиот дом во Мар-а-Лаго, кој е веќе подготвен за него, кој специјално за таа пригода купи нов 60-инчен телевизор и симулатор вреден 50.000 американски долари. Покрај тоа, за Флорида е испратена колекција на костуми  како и багажот на Меланија Трамп спакуван во луксузни куфери од Луј Витон.

Секоја промена на станарите во Белата куќа е комплицирана операција, но оваа сега е уште поголема затоа што семејството Трамп не ја следеше вообичаената процедура. Имено, вообичаено е семејството кое ја напушта Белата куќа да ги покани оние кои се пред влез на разгледувње, а тоа особено важи за првите дами. Меланија Трамп не го следеше тој обичај, па затоа нема покана за г-ѓа Бајден да го разгледа нејзиниот иден дом.

Предметите на Доналд Трамп и Меланија се веќе спакувани и чекаат пред Белата куќа да бидат пренесени до Палм Бич. Кога се ќе биде извадено, а тоа ќе биде денеска наутро, започнува голема акција за чистење, така што Џо и Џил Бајден ќе може да влезат во чистите простории и да ја стават храната во фрижидер. Ова е вообичаена процедура на секои четири или осум години, во зависност од тоа колку долго претседателот е во Белата куќа, а се пресметува дека на тим што го прави ова и во кој има 90 луѓе, му требаат неколку часа за темелно чистење.

Оваа година, сето тоа е уште покомплицирано поради посебните мерки околу коронавирусот, а Анита МекБриџ, која беше шеф на кабинет на Лора Буш, рече дека тоа е секогаш хаотично, без разлика што се се знае однапред. Работите што доаѓаат со семејството Бајден ќе стојат во комбиња се додека новиот претседател не положи заклетва. Дотогаш нема истоварување, иако многу е веќе донесено пред Белата куќа. Некои од работите се чуваат во магацини, а некои ќе бидат донесени во следните денови кога Бајден веќе ќе се пресели. Пресметано е дека г-ѓа и господин Бајден ќе можат да кажат дека се „во нивната куќа“ веќе денеска доцна попладне, бидејќи вработените ќе се обидат целосно да организираат барем неколку соби.