Темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со темелна реконструкција на училишната спортска сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња”. Се прави целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, се поставува двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.
Се менува електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација. Во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити. По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.
![]()
На барање на Општина Кисела Вода, БЕГ поставил нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење.
– Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња” бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување. Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на Општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти. Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски, кој извршил увид во состојбата на овој објект.
![]()
Минатата седмица, како што стои во соопштението од Сектор за поддршка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, нов подобрен лик и поголема функционалност добила и салата во ООУ „Партенија Зографски”.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
