Ракомет
6. January 2017 - 21:44

Темелковски: Се може да се постигне

Македонската младинска ракометна репрезентација со победата над Турција од 39:19 избори пласман на СП во Алжир. По дуелот радоста во нашиот табор беше голема, а селекторот Иле Темелковски изјави:

- Се се може, па дури и невозможното. Честитки до моите играчи кои ги дадоа и последните атоми од силата. Би додал како што кажа една Илиевски „радувај се Македонија“. ;омците ја заслужија победата и на СП ќе докажат дека имаат квалитет.