Тело на мртва жена најдено во стан во Велес
Тело на почината 66-годишна жена било најдено денеска на пладне во стан на улица „8 Септември“ во центарот на Велес, во таканаречената Свиларска зграда, кај поранешна библиотека. Телото било најдено откако во полиција реагирале комшиите поради неподнослива миризба која почнала да се шири од станот на жената, која живеела сама.
– Полицијата ја повикала екипата на Територијалната противпожарна единица од Велес која ја скршила бравата и влегла во станот каде било најдено безживотното тело на жената, информира за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој појасни дека била повикана медицинска екипа на Брза помош која констатирала смрт без траги на насилство.
Како што информира за МИА обвинителката Гордана Тодорова од ОЈО, по нивно овластување екипа на СВР Велес, не се констатирани траги на насилна смрт, поради што телото на починатата жена не било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор