Телеграма со сочувство од СДСМ до семејството на Томе Серафимовски

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот академик и познат скулптор Томе Серафимовски.
- Искрено и длабоко сочувство за смртта на почитуваниот академик и познат скулптор Томе Серафимовски, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Загубата е на семејството, но и на граѓаните на Република Македонија, се вели во телеграмата.
Академик Серафимовски, како што се наведува, остави зад себе богатата ризница на скулптури, портрети, споменици, спомен-обележја, идејни решенија, други дела во Македонија за кои беше награден, но со кои успешно ја промовираше и Република Македонија во регионот и светот.
- Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво кое останува вечен спомен, стои во телеграмата со сочувство од Заев.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
