Телеграма со честитки од Божиновска по повод Рамазан Бајрам
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска по повод празникот Рамазан Бајрам упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи.
Празникот Рамазан Бајрам не враќа на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Радоста и топлината на овој празник ја споделуваме со семејството, роднините, пријателите и со сите луѓе со добра волја, стои во телеграмата.
Нека овој голем празник нè потсети на љубовта која ја носиме во себе спрема Севишниот и дека со негување на добрите мисли и добрите дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество..
Ви посакувам деновите на Рамазан Бајрам кои се слават по светиот месец на постот, на сите да Ви донесат мир, единство и среќа, и во духот на универзалните вредности на овој празник многу радост, почитување и добро здравје во Вашите семејства и домови, се вели во телеграмата со честитки на Божиновска.
Ново на Сител
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ